Еден од капитенит на актуелнета У21 репрезентација на Македонија, Мартин Ѓоргиевски следниот период ќе го мине на позајмица во тимот на Дукла од Бањска Бистрица.
Тој е под договор со тимот на Збројовска Брно, но таму неговата минутажа не е како што треба, па младиот офанзивец оди на калење што се вели.
Некогашниот играч на Брера рано во кариерата направи интернационален трансфер, и ете сега се соочува со проблеми на минутажата. Да се надеваме дека во Дукла истата нема да биде тема и Ѓоргиевски ќе го покаже сиот свој потенцијал и талент.
Тој инаку од најмала возраст е дел од младинските селекции на Македонија, и има близу педесет настапи за нашиот национален тим. За А селекцијата сеуште нема дебитирано.










