Мастантуоно со хет-трик и донесе победа на Фиорентина

37
фото: ACF Fiorentina @acffiorentina (X)

Франко Мастантуоно блесна во дресот на Фиорентина и со хет-трик ја предводеше својата екипа до победа од 4:2 на гостувањето кај Венеција во четвртото коло од Серија А. Аргентинецот ги постигна трите гола во 29., 30. и 84. минута.

За 19-годишниот Мастантуоно ова беше прв хет-трик во дресот на Фиорентина, но и неверојатна статистика – во еден натпревар постигна исто толку голови колку што постигна за целата мината сезона во Реал Мадрид. Мастантуоно минатото лето пристигна во Реал, каде што одигра 35 натпревари во сите конкуренции, постигна три гола и забележа една асистенција.

Победата над Венеција беше е прва за Фиорентина во новата сезона во Серија А. Претходно тимот загуби на сите три натпревари, па хет-трикот на Мастантуоно доаѓа во идеален момент за клубот.

ПретходноКуадрадо се врати дома, ќе игра за Милионариос
СледноСтоле и Валенсија претрпеа нов пораз, овој пат на гости кај Севиља