РК Вардар за навивачите во Германија: Ви благодариме од се срце

105

РК Вардар со пораз го старуваше годинешниот свој пат во Лигата на Шампионите, на гостувањето во Мелсунген. Сепак, изведбата на избраниците на тренерот Чупиќ не само што не разочара, туку влева надеж дека овој состав на Вардар има огромен капацитет.

Токму затоа, од РК Вардар предмалку јавно им се заблагодарија на навивачите кои присуствуваа на овој меч на гостински терен, покажувајќи ја лојалноста, љубовта и приврзаноста кон „црвено – црните“ бои.

„Ви благодариме од се срце“ – напиша ФК Вардар повикувајќи на масовна посетеност на мечот против Нант во Скопје кој што се игра на 16 септември.

ПретходноМЗТ Скопје против Куманово ја почнува одбраната на титулата
СледноЈакировиќ е менаџер на месецот во Премиер лигата