Одбојкарската репрезентација на Бугарија оствари уште една убедлива победа на Европското првенство 2026, откако во Софија денеска ја совлада и Португалија со максимални 3:0, по сетови 25:18, 25:18 и 25:20.
Бугарите од почетокот го контролираа натпреварот, иако Португалците имаа добар старт во првиот сет. Домашната селекција постепено ја презеде иницијативата, а со серија добри сервиси и блокови стигна до предност и го освои сетот со 25:18. Во следните два сета имаше сличен тек и Бугарите не се намачија премногу за да дојдат до втора победа.
Португалија ќе биде еден од клучните ривали за Македонија во групата „Б“ за пласман во осминафиналето. Со нив момците на Миленкоски ќе се сретнат во 4. коло.










