Партизанови „бебиња“ чукаат на портата на Македонија

188

СпортСпорт продолжува со промоција на млади и талентирани фудбалери кои што не се дел од нашиот домашен ПМФЛ шампионат, туку се некаде по светот, а секако се вредни за внимание.

Во продолжение на серијатаб текстови на оваа тема повторно се селиме на сеевр во близина што се вели. Ако во повеќе случаји сме се бавеле со момчињата кои што се дел од гломазниот талент систем на Црвена Звезда, овојпат ќе се позабавиме со оние од страната на ривалот, ФК Партизан.

Македонија веќе го препозна талентот на Александар Полимац, млад и талентиран играч кој што е роден во 2010 година, интересно во Ирска. Сепак, израснат во Белград како дел од младинскиот погон на Партизан. Во 2025 година се пресели во ИМТ Београд уште еден амбиоцозен српски лигаш, каде што добива шанса се повеќе. Полимац, кој имаку е напаѓач по левата страна веќе настапи за Македонија во генерцијата на селектрото Илјами Исејни.

Втор на листата за денеска е Виктор Наумоски, момче исто така родено во 2010 година. Кое што  е дел од тимот на Партизан односно од неговиот младински погон, а првите фудбалски чекори ги има направено во ФК Земун. Се работи за играч кој оперира на истата позиција како и Полимац. Засега нема настап ниту пак повик за младинските селекции на Македонија.

Конечно, го имаме и Виктор Стојановски кој е исто офанзивец и кој како и претходните двајца е роден 2010 година. Како дете на Земун, преминува во Партизан за да потоа мине и во филијалата Телеоптик, но минутажата сега ја собира идентично како и Полимац во ИМТ Белград.

 

 

ПретходноПред мега – дербито со Сити: Аларм на “Олд Трафорд“ поради капитенот!(ВИДЕО)
СледноМЗТ Скопје против Куманово ја почнува одбраната на титулата