Хари Кејн влезе во елитното друштво во Лигата на Шампионите (ФОТО)

27
ФОТО: FC Bayern München/FB

Најдобриот стрелец на Баерн Минхен, Хари Кејн, постигна гол и имаше асистенција во победата од 5-0 на домашен терен над Бодо/Глимт во првото коло од главната фаза на Лигата на шампионите. Со тоа, Хари Кејн стана само четвртиот играч во историјата кој постигнал гол во најмалку 8 последователни натпревари во најсилното европско клупско натпреварување.
Покрај Англичанецот, тука се Кристијано Роналдо (2 пати), Роберт Левандовски (2 пати) и Руд ван Нистелрој исто така постигнале гол во најмалку 8 последователни натпревари од Лигата на шампионите. Серијата на Кејн започна минатата сезона, кога Баварците стигнаа до полуфиналето, каде што беа елиминирани од идните шампиони ПСЖ.

Претходно“Новата“ Победа денеска собра 3.000 гледачи на стадионот во Прилеп! (ФОТО)
СледноЈамал и неговата девојка го “проширија“ своето семејство