Нено се повреди и предвреме го заврши мечот со Ц.Звезда

120
ФОТО:facebook.com/arisbc.gr/

Нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ и член на Арис, денеска предвреме го заврши пријателскиот меч со Ц.Звезда или поточно меч за 3.место на турнирот во Никозија.

Имено во средината на третата четвртина тој се повреди откако имаше силен блок на Мотли, при што го повреди левиот лакт. Веднаш потоа го напушти паркетот. Засеган нема подетални информации за тежината на повредата на нашиот најдобар кошаркар.

Инаку на овој меч Арис просто ја згази Ц.Звезда победувајќи ја со 98:74.

Секако дека за нас е многу поважно за тоа да се дознае за повредата на Димитријевиќ.

ПретходноБрајтон со “петарда“ кај Ковентри! (ВИДЕО)
СледноПМФЛ:Реми во Кратово, Силекс и дефинитивно заборави како се победува