ПМФЛ:Реми во Кратово, Силекс и дефинитивно заборави како се победува

106
ФОТО:FFM.MK

Силекс – Брегалница 2:2 е резултатот од денешниот меч од 7.коло во ПМФЛ кој се одигра во Кратово. Изненадувачки резултат од аспект на кратовци кои овој меч мораа, ама баш мораа да победат. Силекс имаше водство, но имаше и 1:2 за да Мишов во финишот спасуваше од катастрофа.

Добра, одлична Брегалница, а Силекс ја продолжи агонијата, црната серија. Ова е четвртиот меч во низа на кој нема победа, ама барем денеска не загуби. Силекс заборави како се победува.

Очекувано мечот почна со напади на домашниот состав кој важеше за голем фаворит. И веќе во 7.минута водство за тимот на Александар Васоски, но тоа бепе автогол на Хаџи-Кимов. Дефанзивецот на Брегалница не се снајде најдобро по нафрлувањето на Талаков и си ја смести топката во својата мрежа.

Во 16.минута Шеро имаше шанса за 2:0, но шутираше над голот на Јашар. И Хасукиќ имаше супер шанса за домашните, но втор гол немаше и немаше.

Дека некои работи не одат како што треба кај кратовци се виде во 45+1.минута кога само чудо го спаси домашниот тим од израмнување. Маско имаше и повеќе од зицер, ама Џеков со среќна реакција го спаси својот гол и на одмор се замина со тие 1:0 за Силекс.

Веќе во 49.минута израмнување, Мартин Стојанов стрелаше со убав гол за 1:1. Брегалница посакуваше и втор гол, имаше и свои шанси, а Маско во 67.минута го стори тоа што не успеа претходно. Гол за 1:2 за водство на гостите и за голема радост на штипските “сини“.

Сега веќе Силекс не можеше ништо друго да стори освен со сите сили да нападне. Па така прво Шуберт во 72.минута ја погоди пречката на гостите, за да во 82.минута Мишов го искористи киксот на одбраната на “сините“ и успеа да израмни на 2:2.

Во таа 87.минута Мартин Стојанов не искористи зицер за 2:3, голманот Џеков одново спасува.

На крај конечни 2:2.

ПретходноНено се повреди и предвреме го заврши мечот со Ц.Звезда
СледноПротив Полска без капитенот: Ѓоргиев ќе одмора поради мала повреда