Попладнево се одиграа уште четири меча од 5.коло во ВМФЛ. Пелистер и дефинитивно влезе во победничка серија. Битолчани попладнево славеа на Чаир кај Шкупи со 0:4. Стрелци на головите беа Христов два, Наумоски и Стојанов.
Кожув како гостин славеше кај Осогово со 0:1, додека Охрид го победи Еуромилк со 2:1. Можеби се очекуваше поубедлива победа на фаворитот, но сепак победа си е победа.
Новаци на свој терен го победи составот на Детонит со 3:1. Од 19 часот ќе се игра мечот во Струмица меѓу Беласица и Тетекс, а вчера Македонија ЃП со 1:0 го побед Камјани. Мечот Работнички – Брера е одложен.
РЕЗУЛТАТИ – 5.КОЛО
Шкупи – Пелистер 0:4
Охрид – Еуромилк 2:1
Осогово – Кожув 0:1
Новаци – Детонит 3:1
Беласица – Тетекс (19 часот)
ВЧЕРА
Македонија ЃП – Камјани 1:0
Работнички – Брера (одложено)










