Меси го постигна 19. гол во МЛС и се искачи на врвот на листата на стрелци (ВИДЕО)

45
фото: Inter Miami (X)

Лионел Меси постигна гол во ремито на Интер Мајами против Нешвил од 2:2 и повторно се најде на врвот на листата на стрелци во МЛС. Аргентинецот го постигна својот 19. гол сезонава во американското првенство, со што самостојно ја презеде првата позиција.

Меси го постигна голот во второто полувреме со прецизен удар од далечина, носејќи му предност на својот тим. Сепак, Интер Мајами не успеа да ја задржи предноста, бидејќи Нешвил израмни во самиот финиш.

Меси во досегашниот дел од сезоната има и 11 асистенции, односно 30 директни учества во голови на 22 натпревари. На второто место во трката за „Златната копачка“ сега е напаѓачот на Далас, Петар Муса, со 18 погодоци.

За Интер Мајами ова беше трет последователен натпревар без победа, додека Меси продолжува со одличната индивидуална форма.

ПретходноАрсенал на тројца свои клучни играчи им ги продолжува договорите
СледноНа Полјаците им здосадило од слаби противници: Потешко ни е на тренинг, отколку на натпревар!