Илиев: Против европскиот шампион одигравме солидно, но за нас дури сега почнува Европското

128
фото: CEV.eu

Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе очекуваниот трет пораз во групната фаза на Европското првенство во Софија. Денеска против европскиот шампион Полска се обидувме да се бориме во првите два сета, но квалитетот на противникот беше очигледен.

„Одигравме еден солиден натпревар, земајќи предвид дека Полска е европски шампион. Првите два сета беа добри, во третиот малку потфрливме, но не изгледаше лошо. Сега нашиот фокус е на следните две средби, затоа што со тие два натпревари за нас како да почнува Европското првенство. Гледавме малку од мечот Португалија – Израел. Искрено очекувам многу подобра престава против нив, сега треба само добро да одмориме и да одиме на победа“, изјави по средбата еден од најдобрите поентери во нашата репрезентација на денешниот натпревар, примачот Стојан Илиев.

За Македомнија утре е слободен ден, а главното стартува во вторник со едне од двата одлучувачки меча за пласман во осминафиналето, против селекцијата на Португалија.

ПретходноЛоботка му донесе триумф на Наполи
СледноВеќе нема дилеми: Реал Мадрид ќе му го продолжи договорот на Куртоа