Историска АТП листа: Ова не му се случило на Новак осум години!

211
ФОТО:facebook.com/AustralianOpen

АТП ја објави најновата ранг-листа. Тројцата најдобри се сè уште исти, прв е Јаник Синер со 11.500 поени, втор е победникот на овогодинешниот Отворен турнир на САД Александар Зверев со 9.690 поени, а трет е Карлос Алкараз со 5.560 поени.

Четврти е финалистот од Њујорк Бен Шелтон, за кого ова е рекорд во кариерата.

Сепак, она што е многу поважно за љубителите на тенисот е рангирањето на Новак Ѓоковиќ. Од овој понеделник, српскиот тенисер е 12-ти на АТП листата со 2.980 поени, откако загуби во првото коло на Отвореното првенство на САД. Новак затоа е надвор од топ 10 тенисери во светот за прв пат од 2018 година.

Пред Новак, на 11-то место е Артур Филс со 3.150 поени, додека на 13-то место е Лернер Тијен со 2.755 поени.

Новак моментално е регистриран за турнирот во Пекинг до крајот на годината, иако тоа не мора да значи дека ќе игра, како и за егзибицискиот турнир „Сикс Кингс“ во Ријад.

ПретходноСКАНДАЛ ВО ПРЕМИЕР-ЛИГА: ВАР призна дека направил грешка за голот на Халанд!
СледноРамадан Шерифи својот гол го посвети на трагично загинатиот фудбалер Даниел Николовски (ВИДЕО)