Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа претрпе пораз во мечот од првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана што се игра за 100.000 евра. Таа загуби од Мариам Булгару од Романија со 2-1 во сетови (64 16 62) за 2 часа и 15 минути игра.
Првиот сет и припадна романската тенисерка со 6:4 во гемови, а единствениот брејк го направи ривалката во првиот гем што се покажа решавачки. Во вториот сет Ѓорческа поведе со 5:0 во гемови и на тој начин стигна до изедначување од 1-1 од сетови откако сетот го заврши со 6:1 во гемови. Во решавачкиот сет Булгару поведе со 3:0, но Ѓорческа намали на 3:2. Во продолжението на мечот романската тенисерка освои уште три гема и го доби мечот.
Следниот настап Ѓорческа ќе го има на турнирот во Анкара следната недела.










