Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

66
ФОТО:X screenshot

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се гледа како мечката се приближува во неколку наврати обидувајќи се да најде храна во контејнерите пред објектот, кои се наоѓаат многу блиску до влезната врата.
Животното се обиде да се приближи, но се откажа и се оддалечи по бучавата што ја направи Терешченко. Таа имаше средба од ист вид претходно за време на подготовките во Сочи. Во јуни, таа сподели со јавноста и видео од нејзината интеракција со мечка.
Оваа 22-годишна девојка неодамна ја освои титулата шампионка на Русија во штафетата, бидејќи триумфираше со тимот на Свердловската област на државното првенство во Тјумен.

ПретходноРеал едвај ја доби драмата: „Прокоцка“ 2:0, па дојде трите бода во судиското продолжение
СледноМВП на натпреварот: „Луди“ одбрани во режија на Столе Димитриевски (ВИДЕО)