Нестор со два гола за четири минути, ама Славен Белупо во 90+2.минута испушти победа

72
ФОТО.facebook.com/nksb1907/

Уф, каков меч на нашиот Илија Несторовски вечерва во дресот на Славен Белупо на гостувањето кај Рудеш во меч од ХНЛ. Имено некогашниот репрезентативец влезе во игра на почетокот од второто полувреме. До таа 75.минута резулатот беше 1:0 за домашните. Следуваше гол на Македонецот за 1:1, а по четири минути уште еден за пресврт, за 1:2 за неговиот Славен Белупо.

Сепак и овие два гола не беа доволни за победа, ако се знае дека домашните во 90+2.минута погодија за конечни 2:2.

Со овие два гола сега Нестор има 5 сезонава во ХНЛ и се наоѓа на делба на третото место на листата на стрелците.

ПретходноСуперкуп Евролига: Реал од -16 до победа против Дубаи за пласман во финалето
СледноБаерн е МАШИНА: Кејн со рекорд, Олисе со хет-трик против Унион Берлин! (ВИДЕО)