Полицајци насилно влегле во дом на фудбалер, па го однеле во психијатриска болница

90

Голем скандал ја потресе романската фудбалска јавност, откако во центарот на вниманието се најде 23-годишниот Октвавијан Попеску од ФЦСБ. Според романските медиуми, фудбалерот со денови не одговарал на повиците од семејството и луѓето од клубот, по што била повикана полицијата.

Полицајци и пожарникари пристигнале во неговиот стан, а бидејќи никој не ја отворал вратата, влегле со сила. Попеску бил пронајден во станот со уште едно лице, а медиумите наведуваат дека таму имало поголем број балони за кои се сомнева дека биле поврзани со употреба на азотен оксид, познат како „гас за смеење“.

Овие детали, сепак, не се официјално потврдени од ФЦСБ, а спортскиот директор Михај Стoика случајот го опишал како „деликатна лична работа“ која нема врска со фудбалот. По интервенцијата, Попеску бил пренесен на медицински преглед, а потоа во психијатриска болница во Букурешт за проценка.

Попеску своевремено важеше за еден од најголемите романски таленти.

ПретходноПМФЛ: Шкендија бара излез од мини – кризата против залетаниот Башкими
СледноСудии за ПМФЛ: Бафто “главен“ во Гостивар, мечот Вардар – Шкендија (А) за Ристовски