Со победа над Косово женската и машката репрезентација на Македонија ја помина групата на Балканското првенство во Босна и Херцеговина за сениори.
Во натпреварите за 5 до 7 место мажите беа поконкурентни, но не успеаа да издвојуваат целосна победа. Девојките се претставија добро во елиминационата фаза завршувајќи го настапот на 7 место.
Нашите репрезентативци настапија во поединечна конкуренција и во мешани двојки.
Кај машките настапија Филип Младеновски, Кристијан Станојковски и Лука Стојчев, а кај девојките – Софија Хасану, Амелиа Николов и Сара Стојановска. Репрезентацијата ја предводеше Зоран Јовановски.
Балканското првенство за сениори се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, од 15 до 19 Септември.










