Сити има нова ѕвезда: Деби со два гола за 17-годишниот Самба

40

Манчестер Сити доби нова млада ѕвезда во тимот, откако 17-годишниот Флојд Самба блесна на своето деби за првиот тим. Тинејџерот постигна два гола во убедливата победа од 5:0 над Норич во третото коло од Карабао купот.

Самба го постигна првиот гол во 29. минута со глава, а во второто полувреме со одличен удар го запечати својот втор погодок. Освен двата гола, младиот фудбалер учествуваше и во акцијата за погодокот на Рајан Шерки, па беше прогласен и за играч на натпреварот.

Интересно е што Самба воопшто не играше како класичен напаѓач, туку беше поставен во улога на „лажна деветка“. Тој е првенствено играч од средниот ред и член на академијата на Сити уште од својата деветта година.

Минатата сезона Самба постигна 17 гола и имаше шест асистенции во 24 настапи во шест различни натпреварувања за младинските селекции на клубот. Посебна приказна е и неговото семејство – Флојд е син на поранешниот премиерлигашки дефанзивец Кристофер Самба.

„Ова е само почеток, имам голема кариера пред себе“, изјави 17-годишниот фудбалер по својот спектакуларен дебитантски настап.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Бафто “главен“ во Гостивар, мечот Вардар – Шкендија (А) за Ристовски
СледноАлварез е „фит“: Атлетико со Аргентинецот за големото градско дерби