Чаби Алонсо вечерва виде каде дојде: Брентфорд го декласира Челзи!

153
ФОТО:.facebook.com/brentfordfootballclub1889

Фудбалерите на Брентфорд го победија Челзи на домашен терен со резултат од 3:0, во малото лондонско дерби кое се играше на отворањето на петтото коло од Премиер лигата.

Домашните го одиграа натпреварот во свој стил, физички го совладаа противникот, буквално го „прегазија“ и го избркаа од својот гол, а потоа чекаа на своите шанси и го декласираа реномираниот противник преку Антони, Игор Тијаго и Фабио Карваљо и ги зедоа сите три бода.
Челзи без повредениот Жоао Педро не можеше ништо да направи во напаѓачката фаза, Морган Роџерс и Кол Палмер беа стопирани, Дени Велбек не доби ниту една употреблива топка, но она што треба уште повеќе да го загрижи Чаби Алонсо се 12-те примени лигашки голови. Сега Челзи е официјално најлошата одбрана во лигата.
Првото полувреме беше за заборав, но тоа го сакаше домаќинот.
Тактички, го „задуши“ противникот, му оневозможи да напаѓа и да создава, а своите три можности ги претвори во голови.
Во 61-та минута, Дамсгард центрира од корнер по левата страна, Шустер ги совлада своите ривали на втората статива, ја врати топката со глава во „срцето“ на шеснаесетникот, а Антони беше таму и постигна гол, со што резултатот стана 1:0.

До крајот Тиаго во 83.минута и Карваљо во судиското продолжение ги поставија конечните 3:0.

ПретходноРустемовски победнички на стартот на ЕП во Софија
СледноОткриен датумот на борбата меѓу Фјури и Џошуа?