ИН МЕМОРИАМ: Почина Томче Филиповски, легендата на Работнички

215

На 85 години почина Томче Филиповски, легендата на Работнички. Филиповски беше едно од најистакнатите имиња во мак – фудбалот, а посебно на својот Работнички каде буквално ја мина цела фудбалска кариера. Одигра 663 мечеви за клубот од Дебар Маало и постигна 225 голови во 18 сезони. Во сезоната 1971/72 беше и најдобар стрелец во Втората лига во екс – Југославија.

По крајот на фудбалската кариера беше истакнат фудбалски работник.

За големината на Томче Филиповски најдобро говори фактот дека од 1987 до 1991 година беше претседател на Фудбалскиот сојуз на Југославија, токму во времето кога во 1990 година селекцијата на бившата држава за последен пат настапи на едно СП во Италија стигна до 1/4 финалето.

ПретходноВардар со порака: Нашата најголема сила! Ви благодариме!
СледноВо Милан повторно „врие“: Фудбалерите му вртат грб на Аморим