Нено одличен во дресот на Арис на контролата со Ц.Звезда

135
ФОТО:facebook.com/arisbc.gr/

Нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ уште еднаш покажа дека ќе биде и тоа екстра засилување за Арис. Имено вечерва во Белград, на контролата со Ц.Звезда во пресрет на сртартот на новата сезона, Нено успеа да постигне 16 поени, имаше и една тројка, но сепак не успеа да му донесе на својот тим победа. Домашните триумфираа со 91:87 иако самиот финиш беше неизвесен, па и драматичен.

Од она што можеше да се види, тренерот Спанулис и тоа како му верува на Македонецот, имено кога домашните ќе направеа некоја разлика, стратегот на Арис веднаш му даваше минутажа на Нено со цел да ја намали разликата, да донесе пресврт. Така и беше.

Се разбира дека на овие пријателски мора да се разиграат сите играчи, но исто така е јасно е дека Нено ќе биде еден од клучните играчи на Арис во новата сезона.

ПретходноМиленкоски: „Настапот на Македонија на ЕП е објективно постигнување“
СледноГаштаров во друштво на ѕвездите на Феенорд и Јунајтед (ФОТО)