ВМФЛ: Пелистер на мегдан со лидерот, дерби и во Ѓорче, Еуромилк остана без тренерот Трајков

72
ФОТО:.facebook.com/FC.PelisterBitola/

Викендов на програмата се сите седум средби од 6.коло во ВМФЛ. Секако дека во преден план е дуелот мешу Пелистер и Охрид, меѓу вториот и првиот на табелата, кој се игра во Новаци и тоа денеска од 15:45.

Да кажеме веднаш дека моменталната табела и тоа како ќе претрпе измени ако се знае дека неколку клубови имаат меч помалку, Работнички дури два помалку одиграно. Сепак сега Охрид е лидер а Пелистер е втор.

Дерби и во Ѓорче каде се среќаваат довчерашните прволигаши Македонија ЃП и Работнички, а супер интересно ќе биде и на дуелот Камјани – Детонит.

Инаку Јован Трајков не е веќе тренер на Еуромилк. Тој вчера си поднесе оставка и тоа пред денешниот дуел со Беласица.

Утре се игра мечот Брера – Шкупи.

ДВОЈКИ ЗА 6.КОЛО – ДЕНЕСКА (15.45 ч)

Камењане: Камјани – Детонит

Гевгелија: Кожув – Новаци

Тетово: Тетекс – Осогово

Скопје: Еуромилк – Беласица

Новаци: Пелистер – Охрид

Скопје: Македонија ЃП – Работнички

НЕДЕЛА, 15:45 ч

Струмица: Брера – Шкупи

ТАБЕЛА

Охрид (-1) 12, Пелистер 11, Брера (-1) 10, Беласица 9, Детонит (-1) 7, Македонија ЃП 7, Камјани 7, Кожув 7, Работнички (-2) 6, Тетекс (-1) 5, Новаци 4, Еуромилк 3, Осогово 1, Шкупи 0.

ПретходноИсак: „Трансферот од Њукасл во Ливерпул беше лесна одлука!“
СледноРаскол во Франција: Дембеле повторно со порака до Мбапе без да го именува!