Џака призна дека ја фалсификувал потврдата за вакцинација против Ковид!

71
ФОТО:facebook.com/Swiss.Nati.Men/

Денеска и дефинитивно е јасно дека капитенот на Швајцарија, Гранит Џака нема да биде дел од таа селекција во наредниот период. Тоа значи дека нема да игра против Македонија во Лигата на Нации. Потврдено е дека, барем засега, дека тој нема да биде дел од селекцијата на оваа земја.

Капитенот на Швајцарија нема да биде со репрезентацијата, тој се повлече бидејќи Обвинителството покрена кривична постапка против него во овој случај.
Прво, имаше јавни шпекулации дека докторката во Луцерн му издала на Џака потврда за вакцинација која всушност не постоела. Таа ги отфрли тие обвинувања, но Џака ја призна својата вина во објава на социјалните мрежи.
Еве како Џака објасни на јавноста што направил:

„Многу работи беа објавени во изминатите неколку дена за еден настан од моето минато. Би сакал да дадам јавна и лична изјава за тоа.
Во тоа време, во времето на пандемијата на коронавирусот, а во врска со вакцинацијата, лично бев многу несигурен за тоа и бев сериозно загрижен. Имав длабока недоверба кон вакцината и бев навистина исплашен и несигурен. Во таа ситуација на зголемени емоции, го добив сертификатот за вакцинација наместо да барам одговори на прашањата што ме мачеа на правилен начин.
Денес јасно гледам дека не беше правилно, дека не постапив правилно. Тоа беше грешка. И ми е жал. Ја преземам одговорноста за оваа одлука и во текот на постапката ќе дадам се од себе да ги разјаснам сите факти, целосно ќе соработувам со надлежните органи“
, рече Џака.
Швајцарската полиција ја претресе лекарската ординација во 2023 година и заплени голема количина документација. Истрагата беше покрената поради сомневања дека голем број луѓе добиле лажни сертификати за вакцинација. Меѓу нив, се испоставува, е и Гранит Џака.
Одлуката Џака да не се приклучи на репрезентацијата во овој момент е донесена заеднички од него и Фудбалската асоцијација во „најдобар интерес на репрезентацијата“.
Во септември 2021 година, Џака го пропушти собирот на репрезентацијата бидејќи беше позитивен на тестот за коронавирус.

ПретходноМелиќи: Имаме силна група, ќе ја искористам секоја минута дадена од селекторот
СледноЈубилејното 50. издание на меморијалот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ со нова димензија – Суперкуп на ОФМ