Уште едно големо признание, уште една потврда за квалитетите на нашата Ивана Пројковска. Имено таа е одредена да го суди мечот од лигашката фаза во Лигата на Шампионите меѓу Реал Мадри и ПСЖ. Мечот се игра утре од 21 часот на стадионот “Алфредо Ди Стефано“ во Мадрид.
На Пројковска ќе и помагаат нејзината сонародничка Елена Соклевска – Илиевски, Дијана Ванага од Летонија и Сабина Болиќ од Хрватска.
Ивана веќе извесно време се наоѓа на листата на елитни судии на УЕФА, важи за една од најдобрите женски судии во фудбалот во Европа, па затоа и се даваат да ја дели правдата на вака големи мечеви како што е овој утрешниот во Мадрид.










