Прва заедничка средба на ракометарките со новиот селектор Марковиќ!

47

Македонскатаа женска ракометна репрезентација го одржа првиот собир во рамките на ЕФХ-неделата. „Црвено-жолтите“ беа пречекани од генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски во „куќата на ракометот“ и координаторот на женските селекции, заедно го одржаа првиот официјален состанок на репрезентативките со новиот селектор Игор Марковиќ.

Нашите ракометарки веднаш се селат во Охрид каде од четврток до сабота ќе се одржи меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“.

Македонија ќе одигра три квалитетни натпревари, против Србија, Црна Гора и Хрватска.

„Трофеј Македонија“ е само почеток на подготовките за настап на Европското првенство 2026 година и одлична можност за да репрезентативките се вклопат во новиот систем на селекторот Марковиќ.

ПретходноЈамал не издржа, брутално го нападна Реал Мадрид
Следно„Комити“ ја продолжуваат борбата, стигна порака од Шалке: Оди си св*њо….