Македонските кик-боксери досега обезбедија две бронзи на СП

50

Македонската јуниорска кик-бокс репрезентација има уште еден успешен ден на Светското првенство во Италија. Глигор Николов денеска обезбеди втора бронза за Македонија на континенталниот собир, со што продолжува успешниот настап на нашите кик-боксери.

Николов во четвртфиналето го победи Гркот Јоанис Апостолу со 2-1, па во полуфиналето ќе ги одмери силите со Канатулу Мансур од Казахстан.

Претходно, Петар Лозановски обезбеди најмалку бронзен медал за Македонија, откако во категоријата до 60 килограми во четвртфиналето убедливо со 3:0 го совлада Србинот Вук Ловриќ.

Со триумфот Лозановски обезбеди пласман во полуфиналето, а со тоа и сигурно место на пиедесталот.

ПретходноСара Митевска со победа против првиот фаворит на ЕП до 16 години
СледноМакпетрол и ФФМ потпишаа договор за поддршка на македонската репрезентација