Роналдо не се откажува: Моја цел се 1000 гола и освојување на Лигата на нации

151

Кристијано Роналдо продолжува со големи амбиции во репрезентацијата на Португалија, која влегува во нова ера со Жорже Жесус како селектор. Капитенот на Португалија откри дека неговите главни цели се достигнување на фамозната бројка од 1000 гола во кариерата и повторно освојување на Лигата на нации. Роналдо моментално има 979 гола во кариерата, односно му недостигаат уште 21 до историската граница.

„Мојата цел е да стигнам до 1000 гола и да ја освојам Лигата на нации. Ова е нова ера. Не е дека она што го правевме претходно треба да се заборави; мислам дека треба да му се заблагодариме и да му честитаме на селекторот Роберто Мартинез, кој даде сè од себе и покрај нападите со кои се соочи. Сега е нова ера со Жорже Жесус. Да се надеваме дека работите ќе тргнат добро за него, бидејќи ако тргнат добро за него, ќе тргнат добро и за нас. Ќе биде тешка фаза, но нашиот тим е подготвен“, вели Роналдо.

Жесус го вклучи Роналдо во својот прв список како селектор, а двајцата веќе соработуваа во Ал-Наср, каде минатата сезона ја освоија титулата во Саудиска Арабија.

Португалија, која е актуелен освојувач на Лигата на нации, новата кампања ја започнува против Велс на 24 септември, а потоа следуваат дуелите со Норвешка и Данска.

ПретходноПрилеп и Тиквеш приредија драма без победник
СледноАлаба си најде клуб, заминува во Италија