Томовски не може сам: 13 одбрани, но Битигхајм загуби во Купот

49
фото: SG BBM Bietigheim (FB)

Битигхајм за кој настапува македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, ги заврши настапите во Купот на Германија.

Бундеслигашот на домашен терен загуби од второлигашот Минден со 34-32, па гостинскиот тим обезбеди пласман во осминафиналето.

Томовски имаше одлична партија и запиша 13 одбрани, но сепак, неговите интервенции не беа доволни Битигхајм да избегне елиминација.

Претходно„Трофеј на Македонија“ со ТВ пренос и слободен влез
СледноАнчелоти го најде проблемот на Бразил: Младите не ви играат редовно!