Ракометарите на Вардар стигнаа до нова убедлива победа во Регионалната лига. Вечерва во „Јане Сандански“ ракометарите на Иван Чупиќ славеа со убедливи 44:27 (21:15) против Будванска Ривиера.
Црногорскиот состав успеваше да му парира на македонскиот шампион во првите 15 минути, а потоа Вардар направи серија од 6:0 и за само осум минути ја реши средбата.
На оваа средба тренерот на „црвено-црните“ им даде можност за настап на сите ракометари од клупата, а и на овој меч во дресот на Вардар не беа Бомаштар, Лазаревски, Жоао Педро и Стојановски.










