Даниел Шлагер (36) од Гермнанија, е одреден за главен судија на саботниот меч од Лигата на Нации меѓу Македонија и Швајцарија. Колку за потсетување, тој беше четврти судија во март на плејоф мечот за пласман на СП 2026 во Копенхаген кога убедливо загубивме. Му беше помошник на Феликс Цваер.
Инаку Шлагер бил главен судија не мечот меѓу Македонија и Ф.Острови пред две години.
Иако млад, сепак станува збор за еден од најдобрите судии во Германија и Европа. В сабота на Арената „Тодор Проески“ во Скопје него ќе му помагаат Свен Вашицки, Тобијас Фрич и Робин Браун, сите од Германија. Од Германија се и ВАР судиите.
Мечот почнува од 20:45 часот и тој ќе биде прв за нашата селекција во Б Лигата на Нации во групата 1.










