Најдобриот македонски фудбалер во моментов, Елиф Елмас денеска слави роденден. „Дијамантот“ како што популарно јавноста во Македонија го именува во моментов играчот на Аталанта, денеска полни 27. години.
Некогаш чудото од дете од скопски Бутел, и член на Работнички, денеска е супер звезда на италијанската Серија А, и водач на фудбалската репрезентација на Македонија.
Елмас во моментов, како и останатите наши репрезентативци е во полн ек што се однесува до подготовките за репрезентативниот настап против Швајцарија. Македонија в сабота со почеток од 20:45 на Арената Тодор Проески во Скопје ќе го пречека неодамнешниот учесник на Мундијалот, а посакуваме токму Елмас роденденски да блесне на овој меч.
Едно е сигурно дека, Елмас во оваа повеќе сега од деценија професионален фудбал, ги исполни сите очекувања кои што му се предвидуваа. Од огромен талент, и еден од најмладите дебитанти во нашиот национален тим, до освојувач на титулата во Серија А со тимот на Наполи.
Сега веќе 27. годишниот напаѓач во своето портфолио може да се пофали дека има три клуба во Италија и по еден во Турција и Германија. Што се однесува до репрезентацијата, Елмас до овој момент има 79. настапи и постигнато 13 гола. Секако дел од нив се легендарни, како на пример оној против Германија на гости, во историската победа од 1:2.










