Драма на првиот меч на „Трофеј Македонија“ помеѓу Хрватска и Црна Гора!

42

Со натпреварот помеѓу Хрватска и Црна Гора стартуваше „Трофеј Македонија“, кој се одржува во салата „Билјанини извори“ во Охрид. Мечот заврши без победик, после голема драма беше поставен конечниот резултат 20-20 (10-11).

Дуелот стартуваше изедначено, со тоа што Црна Гора после 5-5 успеа да приреди серија од 4-0 за 5-9, а истата разлика ја имаше нешто подоцна 6-10. Поранешниот селектор на македонската репрезентација, а сегашен предводник на Хрватска, Ивица Обрван успеа да го прекине налетот на противникот, па неговиот тим на одморот имаше негатива од 10-11.

Ова беше најва за интересни втори 30. минути. Се играше гол за гол, на средината на второто полувреме беше 15-15. Хрватска после долго време успеа да дојде до минимална предност од еден гол 17-16, во 53 минута пропушти да дојде на плус два. Повторно се играше гол за гол, со тоа што минималната предност ја имаа хрватските ракометарки. На минута до крајот при 19-19, Обрван повика тајм-аут, а неговиот тим реализираше пенал за 20-19. На другата страна следеше гол за реми 20-20.

Втората средба стартува во 18 часот, Македонија ќе игра против Србија.

ПретходноОд Ѓорѓев до Масларов, Македонија и Швајцарија имаат „тесни“ репрезентативни врски
СледноБошнаков за три бода на Работнички против Тетекс