„Трофеј Македонија: Нашите ракометарки убедливи против Србија во дебито на Марковиќ

111

Македонската женска ракометна репрезентација со победа го отвори „Трофеј Македонија“, откако ја совлада Србија со 29-21 во дебито на новиот селектор, Игор Марковиќ. „Црвено-жолтите“ на дело ја оправдаа улогата на фаворит против нашиот северен сосед.

Цврста одбрана и голема борбеност видовме во првото полувреме. Ристовска која се врати во националниот дрес, прво украде топка, а потоа од седум метри го отвори мечот за 1-0, после шест минути игра беше 3-1. Нападот изгледаше поорганизиран, а Сара со своето искуство ја донесе потребната самодоверба кај сите, беше вистински лидер на теренот, но и целиот тим делуваше компактен. Токму со нејзините голови, нашата репрезентација велзе во серија зао 10-5 и 11-6. Младеновска и Јанкулоска ја продолжија низата за 13-6 во 24-тата минута. Ризоска со два гола во низа зголеми на 17-9 во 29-та минута, најголемото водство во овој дел од мечот.

Македонија продолжи во исто темпо, ја користеше својата доминација и поголем квалитет во однос на Србија, па ја одржуваше позитивата од девет гола, во 38-та минута беше 21-13. Србинките на момент искористија мала криза во нашите редови, која пак не се одрази негативно на резултатот бидејќи на средината на вториот дел беше 23-17. Пред почетокот на 50-та минута, селекторот Марковиќ ја повлече Сара Ристовска, која мечот го заврши со осум гола. Наголемата предност која Македонија ја имаше беше девет гола (27-18). Марковиќ пред крајот ги изротира и останатите ракометарки, а тоа им отвори шанса на Србинките да ја намалат големата негатива.

Покрај Ристовска, во добро издание се покажаа Јанкуловска која имаше пет гола, исто колку и Младеновска, Ризоска запиша четири.

Македонија утре го игра вториот натпревар, за противник ја има селекцијата на Црна Гора, дуелот стартува во 17:30 часот – влезот е слободен.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бледи Шкемби (Струга ТЛ)
Следно„Војната“ се засилува: Ирците и Израелците нема да се ракуваат и нема да менуваат дресови