Промена во одбојкарскиот прволигашки систем: бараж за Прва А и Прва Б лига

43

Натпреварувачкиот систем во Првата лига мажи во сезоната 2026/2027 ќе претрпи промени. Во најсилното натпреварување кај мажите ќе учествуваат истите 12 екипи како и лани, кои на стартот на сезоната ќе играат бараж двомеч, а потоа ќе се направи поделба на Прва А и Прва Б лига, со по шест екипи.

Натпреварувачките броеви на екипите се доделуваат автоматски, според конечниот пласман од претходното првенство и се формираат парови според „Бергер“, кои играат два натпревари дома-гости. Првиот е на теренот на послабо рангираната екипа. Во случај на нерешен резултат во победи се игра „златен сет“. Победниците од овие натпревари ја формираат Прва А, додека поразените Прва Б лига.

Шестте екипи во секоја група разигруваат по четирикружен бод-систем, дома- гости, со вкупно 20 кола, односно 10 во есенскиот и 10 во пролетниот дел од сезоната. По завршувањето на регуларниот дел од сезоната екипите од Прва А лига, заедно со прво и второ пласираниот тим од Прва Б лига ќе се соочат во четврфиналето на плеј-офот.

Елиминациите одново се играат со вкрстување (1-8, 2-7…), а победникот се одлучува во два добиени натпревари, додека во случај на нерешен резултат во победи, ќе одлучува „златен сет“.

Победниците продолжуваат во полуфиналето кое се игра во два добиени натпревари, односно битката за титулата, која е финална серија „подобар во пет“.

Сезоната во Првата лига мажи ќе стартува на 17 октомври, со првиот бараж натпревари, додека реваншот се игра на 21 октомври.

ПРВА ЛИГА МАЖИ

БАРАЖ, ПАРОВИ:

Јанта Волеј мажи – Штип УГД

Весна Пробиштип – ГОК Борец

Македонија Џио – Струмица 47&72

Скопје – Работнички 71&22

Лирија – Сушево

Шкендија – Универзитет во Тетово

ПретходноКикбокс федерацијата до Борко Ристовски: Министерот, ако не сака да помогне, нека не ни одмага со јавни клевети, лични закани и притисоци!
СледноДисциплинска комисија при ФФM: Вардар повторно на „тапет“, слаба организација на мечот со Арачиново