Вчера се одигра кошаркарскиот Супер-Куп, а победата од дуелот помеѓу МЗТ Скопје и Куманово му припадна на скопскиот состав, кој славеше со 70-68 во драматична завршница. Актуелниот првак го освои деветтиот трофеј во ова натпреварување, а по завршувањето на натпреварот остана отворено прашање.
Дали во последните секунди Куманово беше оштетен. На фејсбук страницата на „Фан Страна на Куманово“ беше споделена видео-снимка од последниот напад на тимот предводен од Марин Докузовски.
Можеби судиското око подобро гледа…но од синоќа постојано пристигнуваат реакции околу овој момент, кој можеби требаше подобро да се изменаџира…
Погледнете ги последните секунди…










