Суперкуп „Драган Василов – Цевка 2026“ – Бобан Стајиќ: „Штета што не успеавме да ја израдуваме публиката, продолжуваме понатаму“

0

Искусниот бек на МКК Куманово, Бобан Стајиќ, по драматичната завршница во Суперкупот „Драган Василов – Цевка 2026“, во која кумановци загубија од МЗТ Скопје Аеродром со 68:70, вели дека тимот има за што да жали, но и дека сезоната допрва започнува.

„Штета голема што загубивме на домашен терен и не успеавме да ја израдуваме публиката, за тоа ми е најмногу криво. Сигурно можам да кажам дека малку изгоревме од желба, малку влеговме брзоплето во натпреварот, што не беше случај на пријателските натпревари.

Ова е нова екипа, дваесетина дена сме заедно. Но, можам да ветам борба на сите натпревари во иднина како на овој дуел и дека ќе ги исправаме грешките.

Сигурно е дека МЗТ е главен фаворит на домашната сцена. Имавме шанса да го добиеме мечот. Иако губевме, успеавме да се вратиме, на крајот можеби ни фалеше и спортска среќа, но продолжуваме понатаму.

Сезоната е пред нас. За шест дена играме со истиот ривал и ќе се обидеме да ја поправиме сликата во Скопје“, изјави Стајиќ.

ПретходноПотпишана „Охридска декларација“ за подобра ракометна иднина за генерациите што доаѓаат!