Евролига: Нова победа на Партизан, нов пораз на Ц. Звезда

37
фото: KK Partizan (FB)

Кошаркарите на Партизан славеа на гостувањето кај Париз со 92:79 во второто коло од Евролигата. „Црно-белите“ постепено го презедоа ритамот, а на полувремето заминаа со предност од 44:40. Во последната четвртина белградскиот тим целосно го скрши отпорот на домаќинот и стигна до двоцифрена предност. Карлик Џонс повторно беше меѓу најдобрите, со 20 поени, додека Лука Вилдоза постигна 16, а Тоње Џекири 15. За Партизан ова е втора победа, по триумфот над Олимпија Милано во првото коло.

Црвена звезда загуби од Хапоел Тел Авив со 80:81, во драматична завршница во „Белградската арена“. Гостите подобро го започнаа натпреварот и по првата четвртина водеа со 28:18, а Звезда во вториот период успеа да направи пресврт и поведе со 35:34. Сепак, Хапоел на полувремето замина со предност од 45:35. Израелскиот тим ја задржа контролата и во третата четвртина, по која имаше 67:59. Звезда во финишот успеа да се врати, но клучниот момент дојде во последната минута, кога Василије Мициќ погоди две исклучително тешки тројки и ја зачува предноста на Хапоел. Кај Звезда најефикасен беше Џордан Нвора со 19 поени.

  • Дубаи – Барселона 94:87
  • Анадолу Ефес – Реал Мадрид 94:84
  • Жалгирис – Олимпијакос 91:93
  • Фенербахче – Баерн Минхен 100:76
  • Црвена звезда – Хапоел Тел Авив 80:81
  • Олимпија Милано – Виртус Болоња 87:85
  • Валенсија – Басконија 111:88
  • Париз – Партизан 79:92
ПретходноЛН: И Хрватска ја почувствува моќта на Шпанија, Англија подобра од Чешка
СледноСедлоски: Азер, Гаштаров, Меличи ме задоволија! Ќе дојдат головите и победите, треба време!