Димитар Митровски: Поразите секогаш се болни!

1

Македонија и вечерва беше поразена во Лигата на Нации. Пораз од Словенија со 2:0 на гости. Втор меч, втор пораз на четата на Гоце Седлоски. Димитар Митровски играше на својот стадион, на “Стожице“, а по мечот не го криеше своето разочарување:

“Поразите секогаш се болни, без оглед на тоа каде играме, посебно за репрезентацијата. Почнавме добро, потоа во првите 10 минути од второто полувреме се обидовме да се вратиме. Примивме голови по наши грешки“

И тој е свесен дека потребен гол, победа…

“Ја бараме таа победа, тој гол. Се надевам дека потоа ќе се отворат многу работи“ посочи Митровски.

ПретходноСедлоски: Азер, Гаштаров, Меличи ме задоволија! Ќе дојдат головите и победите, треба време!