Кожув тргнува со нов тим и амбиции за место меѓу најдобрите четири во Суперлигата

8

Кошаркарскиот клуб Кожув влегува во новата сезона со подмладен состав и амбиција за подобар пласман во македонската Суперлига. На денешната прес-конференција гевгеличани најавија дека во новата сезона влегуваат со подмладен состав, нови амбиции и јасна цел – чекор напред на табелата и борба за место меѓу најдобрите четири екипи во македонската Суперлига.

Седум од 12-те играчи во составот се од Гевгелија, а тимот има и тројца странски кошаркари. Во екипата останува и минатогодишниот МВП на Суперлигата, Тери Амстронг.

„Последните две години завршивме на 5-то место во Суперлигата. Оваа сезона, чекор по чекор, целиме да бидеме меѓу првите четири екипи. Очекуваме едно од најнеизвесните првенства досега, со оглед на силата на ростерите кај сите клубови“, истакна претседателот на клубот, Зафир Чучанов.

Клубот посебен акцент става и на младинската академија, каде што за првпат ќе настапуваат четири генерации во младинските лиги. Стручниот штаб предводен од Мишо Тодоровиќ очекува борбен Кожув, додека капитенот Илија Колев ги повика навивачите и „Фантоми“ да бидат поддршка за тимот.

„Кожув е клуб со традиција, клуб кој играл финале во Суперлигата и финале во Купот. Тоа е бренд кој опстои долги години на кошаркарската мапа. Наша цел е да дадеме максимум и да се бориме за секој натпревар, за секоја топка и за секоја минута, за да извадиме што е можно подобар резултат“, истакна Тодоровиќ.

ПретходноПознати составите: Седлоски со „нова репрезентација“ стартува против Словенија, Барди на клупа