Полувреме во Љубљана: Випотник промашува за Словенија, Македонија има 0:0 на полувреме

10

Македонскиот национален фудбалски состав во моментов го игра вториот дуел од Лигата на Нациите, Б Дивизија, на гостински терен против, репрезентацијата на Словенија на стадионот Стожице во Љубљана.

На полувреме резултатот е 0:0, а реално за разлика од мечот со Швајцарија, засега добро се држиме односно одолеваме на нападите на домаќинот.

Серијата на шанси за домаќинот ја отвори главниот напаѓач Випотник кој што во втората минута од изгледна позиција ја погоди гредата од голот на Димитриевски.

Следуваше нашата најдобра можност откако откадокот во петерецот на шеснаесентикот на Словенија, го дочека наместен Агон Елези. Шутираше но во последен моемент беше изблокиран и топката замина сантиметри покрај голот.

Засега неефикасниот Випотник имаше уште една две добри ситуации но и во двете не се снајде најдобро односно шутираше покрај голот на Македонија. Елези со уште еден обид но покрај голот на Облак.

Б Лига Нации – група 1

СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 0:0 (0:0)

Стадион “Стожице“ во Љубљана. Судија: Андреа Коломбо (Италија). Стрелци:/.

СЛОВЕНИЈА: Облак, Јанжа, Дркушиќ, Бијол, Брекало, Карничник, Штурм, Ловриќ, Гнезда Черин, Бегиќ, Випотник.

Селектор: Боштјан Цесар.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Стојчевски, Младеновски, Меличи, Аломеровиќ, Гаштаров, Атанасов, Митровски, Елези, Елмас, Омерагиќ.

Селектор: Гоце Седлоски.

 

ПретходноЏилардино се врати во Парма, но овој пат како тренер