Премиерлигата потврди: Манчестер Сити е виновен за прекршување на финансиските правила!

0
фото: La Afición @laaficion (X)

Премиерлигата официјално соопшти дека независната комисија го прогласила Манчестер Сити за виновен за сериозни прекршувања на финансиските правила на англиското првенство во периодот од сезоната 2009/10 до 2017/18.

Комисијата утврдила дека клубот користел фиктивни договори со комерцијални партнери, прикажувал неточни финансиски податоци и го прикривал реалниот финансиски статус пред ревизорите и регулаторните тела.

Според наодите, преку овие шеми приходите биле вештачки зголемувани, а трошоците намалувани за повеќе од 900 милиони фунти, со цел да се создаде впечаток дека клубот ги исполнува финансиските правила.

Комисијата исто така утврдила прекршувања на правилата на Премиерлигата и УЕФА за финансиските ограничувања, како и три од четирите точки поврзани со несоработката на клубот во текот на истрагата.

Сега останува да биде донесена одлуката за санкциите. Клубот ги отфрла обвиненијата, а се очекува да ја обжали одлуката до апелација, а тоа може да го направи најдоцна до 2 октомври.

ПретходноПорзингис повторно повреден, го пропушта стартот на новата сезона