Македонија – 540 минути без гол, 10 меча без победа!!!

182

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Словенија никогаш послаба, ама и таква Словенија ни даде два гола и си освои три бода. Ние и натаму сме катастрофа, ние и натаму немаме постигнато гол, и тоа трае ли трае – 540 минути, а немаме победа 10 меча.

Па зарем е можно? Оваа репрезентација на Седлоски е очај, така велат резултатите. Не дека вечерва во Љубљана бевме толку лоши како со Швајцарија во Скопје, ама вечерва моравме, ама баш моравме да постигнеме барем еден гол. Барем селекторот да му се израдуваше на својот прв гол како предводник на оваа репрезентација.

Да се надеваме дека во сабота со Шкотска ќе биде, и ќе се случи чудо – селекцијата на Седлоски да ја израдува фудбалска Македонија барем на постигнат гол.

Оваа серија веќе нема потреба да ја потенцираме. Оваа серија ќе биде запишана во нашата фудбалска и репрезентативна историја како нешто што е и повеќе од катастрофа.

Седлоски мора и тоа под итно да најде модел како работите да се поправат, вака и дефинитивно не оди, па не оди.

Селекторе, вие сте на потег.

ПретходноШвајцарците ја средија и Шкотска за втора победа во групата
СледноЛН: И Хрватска ја почувствува моќта на Шпанија, Англија подобра од Чешка