Пораз од 2:0 и нова тешка “нула” за Седлоски и Македонија!

42

Македонската фудбалска репрезентација ниту во вториот дуел од новата Лига на Нации не успеа да обезбеди позитива и загуби на гостувањето кај Словенија со 2:0. Наспроти очекувањата дека овојпат ќе можеме нешто повеќе отколку во дуелот со Швајцарија на домашен терен, Македонија повторно речиси и да не се закани кон противничкиот гол, а прими два гола. Повторно противникот доминантен, повторно ние порозни во одбраната, а во нападот стерилни, неефикасни и некреативни.

Овој дуел во Љубљана е уште една потврда дека Македонија е дефинитивно во криза. Резултатска, играчка, каква сакате. Повторно не постигнавме гол, повторно загубивме, а имаме уште два сериозни мечеви пред себе. Против Шкотска на домашен терен, и Швајцарија на гости во овој репрезентативен прозорец.

Стартот на мечот значеше и прва сериозна шанса за репрезентацијат на Словенија. Випотник во центарот на вниманието кој што промаши серија на ситуации кои на домаќинот можеа да му донесат предност во првиот дел. Веќе во втората минута се тресеше гредата од голот на Димитриевски, кога токму Випотник од добра позиција можеше но не реализира.

Следуваше нашиот единствен удар во првиот дел сериозен, кога Агон Елези се надје во добра позиција во петерецот на Словенија, шутираше, но минимално беше изболкирам, доволно за да топката замине сантиметри покрај голот на домаќинот.

Во продолжението на првиот дел, Словенија односно Випотник имаше уште две сериозни ситуации, но првиот напаѓач на домаќините на овој меч барем во првиот дел немаше доволно конрентрација во завршницата.

Ловриќ погодува по нашата лоша одбрамбена реакција

Во 55. минута, Словенија дојде до посакуваното водство. Акцијата по десна домашна страна во која не реагираа најдобро ниту нашиот лев бек вечерва Дин Аломеровиќ, а потоа и Гаштаров, па на асистенција на Бегиќ, Ловриќ влезе во нашиот шеснаесетник откосо, и погоди силно во подачениот агол од голот на Димитриевски. Заслужено или не, Словенија до тој момент упати десетина удари кон нашиот гол, а ете една акција беше добитна за домашно водство.

Матко ги решава дилемите околу победникот

Следуваше некаква полуиницијатива на Македонија, во која што направивме неколку измени, и заигравме поофанзивно. Ситуации во кои Станковски беше изблокиран при еден удар, нафрлувањето од лево на петерецот не стигна до ни еден наш репрезентативец.

За да во 82. Минута еден контра напад, ја одведе топката до Штурм, а овој маестрално меѓу двајца наши дефанзивци го проигра Матко, а овој во ситуација еден на еден го матира Димитриевски со удар под него.

Потоа Македонија реално немаше сила да се враќа иако Малески пропушти ситуација еден на еден во која шутираше но Облак не случајно е во топ пет голманите на светот.

Б Лига Нации – група 1

СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 2:0 (0:0)

Стадион “Стожице“ во Љубљана. Судија: Андреа Коломбо (Италија). Стрелци: Ловриќ 55., Матко 82. (СЛО).

СЛОВЕНИЈА: Облак, Јанжа, Дркушиќ (87. Зец), Бијол, Брекало, Карничник, Штурм, Ловриќ (71. Забуковник), Гнезда Черин (87. Елшник), Бегиќ (71. Матко), Випотник (71. Целар).

Селектор: Боштјан Цесар.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Стојчевски, Младеновски, Меличи (71.Муслиу), Аломеровиќ (80. Миовски), Гаштаров, Атанасов (71.Станковски), Митровски (61.Малески), Елези (61.Барди), Елмас, Омерагиќ.

Селектор: Гоце Седлоски.

ПретходноРазрешени деталите: АБА и АБА2 лигата стартуваат со второто коло
СледноШвајцарците ја средија и Шкотска за втора победа во групата