Разрешени деталите: АБА и АБА2 лигата стартуваат со второто коло

65
ФОТО:.facebook.com/ABALiga.jtd/

По одложувањето на стартот на новата сезона, АБА лигата донесе одлука второто коло да се одигра според претходно утврдениот распоред.

Од регионалното натпреварување потврдија дека натпреварите од второто коло ќе се играат во веќе закажаните термини. Причината за одложувањето на првото коло беше спорот околу организацијата на судењето и условите за арбитрите.

Во меѓувреме е финализирана новата листа на судии, со што се создадени услови за продолжување на натпреварувањето. Сè уште не е познато кога ќе се одиграат одложените натпревари од првото коло.

Термините и саатниците за тие средби ќе бидат дополнително објавени од АБА лигата.

ПретходноДимитријевиќ со 8 поени и победа почна во Еврокупот
СледноПораз од 2:0 и нова тешка “нула” за Седлоски и Македонија!