Фудбалската ѕвезда на Норвешка, Ерлинг Халанд поднесе тужба против норвешката авиокомпанија „Норвегиан ер шатл“ поради, како што тврди неговиот адвокат, неовластено користење на неговиот лик во рекламна кампања за време на Светското првенство.
Спорот е поврзан со објава на социјалните мрежи на која бил прикажан авион на компанијата со дигитално додадена карактеристична фризура на Халанд. Објавата со пораката „Никогаш не сме изгледале толку норвешки“ во меѓувреме е отстранета.
Авиокомпанијата ја потврди тужбата, но порача дека тешко ја разбира правната постапка и дека објавите биле дел од поддршката за норвешката репрезентација. Првото рочиште е закажано за 9 октомври во судот во Осло.










