Денеска на стадионот “Кукуш“ во Турново уште еден дебакл на една наша младинска селекција. Имено во пријателски меч, У-16 селекцијата на Македонија, предводена од селекторот Горан Станковски доживеа катастрофален пораз од соодветната селекција на Русија и тоа со 1:5.
Стрелец за нашата репрезентација беше Незри, а за гостите реализираа Родионов, Каложни, Бестаев два и Олховски.
Уште еднаш се прашуваме, до кога само ќе пренесуваме вакви вести за нашите репрезентации, ретко, многу ретко можеме да се пофалиме за некое реми или уште помалку за победа.
Порази и само порази…до кога?










