Најмладите фудбалери и нивните тренери ќе имаат бесплатен влез на натпреварите на македонската репрезентација во овој циклус, објави Фудбалската федерација на Македонија.
Привилегијата важи за децата од Детската лига, фудбалските школи, како и за сите младински категории во системот на ФФМ – пионери, помлади пионери, кадети и младинци.
За натпреварот Македонија – Шкотска, тие ќе можат бесплатно да влезат на западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“. Бесплатен влез имаат и навивачките групи кои побарале организирано присуство на натпреварот.
Од ФФМ посочуваат дека бесплатниот влез за најмладите фудбалери и нивните тренери ќе важи за сите натпревари на Македонија во овој циклус.










