Претседателот на европските одбојкарски судии денеска ќе предава во Скопје

22
фото: CEV.eu

Претседателот на Судиската комисија на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Артуро Ди Џакомо, денеска ќе биде специјален гостин и предавач на Семинарот за одбојкарски судии и делегати во Скопје.

Семинарот го организира Судиската организација при ОФМ, а Ди Џакомо ќе одржи предавање за новите официјални правила во одбојката. Правилата беа тестирани во текот на летото, а нивната имплементација ќе започне од новата натпреварувачка сезона.

ПретходноИбра со порака за Роналдо: Дури и лавовите знаат кога е завршен ловот
Следно„Повторно роден“ – документарец за Дарио Ивановски, една година по победата на Скопскиот маратон