ФФМ ги отвори вратите за најмладите навивачи и нивните тренери

82
ФОТО: Фудбалска Репрезентација на Македонија/FB

Најмладите фудбалери и нивните тренери ќе имаат бесплатен влез на натпреварите на македонската репрезентација во овој циклус, објави Фудбалската федерација на Македонија.

Привилегијата важи за децата од Детската лига, фудбалските школи, како и за сите младински категории во системот на ФФМ – пионери, помлади пионери, кадети и младинци.

За натпреварот Македонија – Шкотска, тие ќе можат бесплатно да влезат на западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“. Бесплатен влез имаат и навивачките групи кои побарале организирано присуство на натпреварот.

Од ФФМ посочуваат дека бесплатниот влез за најмладите фудбалери и нивните тренери ќе важи за сите натпревари на Македонија во овој циклус.

ПретходноКрива Паланка и Баскет Кам за трофејот во женскиот Суперкуп
СледноВерстапен по долга пауза ќе има пол-позиција во Бахреин