Македонската фудбалска репрезентација продолжува со црната серија, откако беше поразена од Шкотска со 0-2 во рамките на третото коло во Лигата на нации. Вкупно 697 минути нашиот национален тим е без постигнат гол, што е најдолга серија во нејзината историја. Последниот гол за Македонија го постигна Бојан Миовски во ноември минатата година, по што следуваат седум натпревари без погодок во противничката мрежа.
Висар Муслиу после мечот го вклучи алармот, испрати порака дека мора да се менува нешто.
„Треба многу работи да промениме, затоа што не оди повеќе вака. Јас секогаш почнувам од мене. И како тим да се анализираме, и како поединци да се анализираме за да дојдеме до подобри резултати, затоа што во репрезентацијата секогаш е важно каков е резултатот.
Треба малку да го смениме односот. Репрезентацијата не е зае*анција, ова е највисоко ниво на европскиот фудбал, Треба да сме свесни дека играме во Лига Б каде има сериозни селекции, каде има сериозно квалитетни играчи. А, она што ние го даваме на терен на последните натпревари очигледно не е доволно, почнувајќи од мене па и кај сите други фудбалери“, изјави Муслиу после поразот од Шкотска.
Македонијa овој црн циклус го завршува на гости кај Швајцарија, натпреварот се игра на 6. октомври.










